Muhammed Yasin Güngör
22 Април 2024•Ажурирај: 23 Април 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Централната команда на Соединетите Американски Држави (ЦЕНТКОМ) објави дека во северниот дел на Газа доставила хуманитарна помош од воздух за да им помогне на цивилите погодени од израелските напади, јавува Анадолу.
Се наведува дека со цел да се задоволат основните потреби на цивилите во Газа преземена е акција за испуштање хуманитарна помош со воени авиони во северниот дел на регионот.
За време на операцијата во северниот дел на Газа испорачана е помош во 50.688 оброци.
Во соопштението на ЦЕНТКОМ се наведува дека Соединетите Американски Држави (САД) ќе продолжат да обезбедуваат хуманитарна воздушна помош за Газа.
Паралелно со нападите врз Појасот Газа кои започнаа од 7 октомври минатата година, израелската армија ги засили рациите и приведувањата на Западниот Брег, вклучително и окупираниот Ал Кудс (Ерусалим).
Според палестинските и меѓународните податоци, деструктивната офанзива во Газа резултираше со повеќе од 34.000 смртни случаи, повеќето деца и жени.
Израел ја продолжува својата војна и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се повикува на итен прекин на огнот. Тел Авив, исто така, се соочува со обвиненија за „геноцид“ пред Меѓународниот суд на правдата.