Hakan Çopur
22 Април 2019•Ажурирај: 22 Април 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, денес би требало да ја соопшти одлуката за олеснувањата кои Соединетите Американски Држави (САД) им ги дадоа на неколку земји кои привремено се изземени од задолжителното воведување санкции кон Иран, јавува Anadolu Agency (AA).
Повикувајќи се на изјавите на неименувани официјални претставници од Вашингтон, американските медиуми јавуваат дека САД нема да ги продолжат олеснувањата кои до 2 мај ги имаат вкупно осум држави.
Со одлука на американскиот претседател, Доналд Трамп, САД минатата година се повлекоа од меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма и ги обновија санкциите кон Техеран, кои вклучуваат и забрана на увоз на иранска нафта.
Американските санкциии се воведени на 7 август, а обновени на 5 ноември минатата година, а од обврската да се продолжат тие санкции на рок од 180 дена изземени се Кина, Турција, Индија, Јапонија, Јужна Кореја, Тајван, Италија и Грција.
Американските медиуми тврдат дека САД нема да ги продолжат тие повластувања на споменатите земји.
Истите извори јавуваат дека Вашингтон сака да изврши додатни економски притисоци на Иран, а ќе се обиде така што ќе ја запре продажбата на нафта на Кина, Индија и Турција, кои се најголеми увозници на тој енергент од Иран.