Mücahit Oktay
05 Мај 2023•Ажурирај: 06 Мај 2023
ЊУЈОРК (АА) - Во убиствата извршени во американските сојузни држави Оклахома и Џорџија загинаа вкупно девет лица, а двајцата напаѓачи се самоубија, известува Анадолу.
Џеси Мекфаден, осуден на 20 години затвор за сексуален напад во државата Оклахома и ослободен на почетокот на 2020 година поради добро однесување, откако ги убил својата сопруга, трите деца и двајца пријатели на нивните деца, извршил самоубиство.
Шефот на полицијата во Окмалги, Џо Прентис, во соопштение за медиуми рече дека телата на жртвите биле пронајдени во близина на потокот во шумскиот предел на Оклахома. Тој информираше дека сите жртви се убиени со еден до три истрели во глава со пиштол калибар 9 милиметри.
Истакнувајќи дека напаѓачот Мекфаден ги носел телата од местото на злосторството до потокот и подоцна извршил самоубиство, Прентис рече: „Сите сакаат да разберат зошто. Нормалните луѓе не можат да разберат зошто. Луѓето што вршат вакви злосторства се зли, а нормалните луѓе како нас не можам да разберам зошто го прават тоа.“
Мекфаден, кој бил в затвор во 2003 година поради сексуален напад врз 17-годишно момче и од каде што бил ослободен во 2020 година, повторно бил пред суд поради споделување материјал со сексуална содржина на 16-годишна девојка, поради што се соочил со можност за повторно одење в затвор.
- Уби три жени и се самоуби
Во американската сојузна држава Џорџија пријавено е дека напаѓач убил три жени и потоа се самоубил.
Државните власти изјавија дека вооружен маж во округот Колквит прво ги убил сопствената мајка и баба, кои живееле во близина, а потоа уште една по влегувањето во Мекдоналдс.
Напаѓачот се самоубил по извршените злосторства.