Hakan Çopur
16 Септември 2017•Ажурирај: 17 Септември 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Соединетите Американски Држави (САД) соопштиja дека не ја поддржуваат одлуката на Регионалната курдска управа на Ирак за одржување референдум за независност на 25 септември, и упати апел за откажување на овој референдум, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролката на Белата Куќа објави писмено соопштение во врска со ова прашање.
„САД не ја поддржуваат намерата на Регионалната курдска управа на Ирак за одржување референдум кон крајот на месецот. САД повеќе пати им кажа на лидерите нa Регионалната курдска управа на Ирак дека овој референдум ќе одвлекува внимание од напорите за борба против ДЕАШ и за обезбедување на стабилноста во ослободените региони“, се наведува во соопштението.
- „Да се откаже референдумот“
„Одржување на овој референдум во еден конфликтен регион е отворена провокација и дестабилизирачки. Затоа упатуваме апел до Регионалната курдкса управа на Ирак за откажување на референдумот, и влегување во сериозен и одржлив дијалог со Багдад. САД ќе играат улога за олеснување на овој напор“, истакна Сандерес во соопштението.
- Од ставот на „одложување“ кон „откажување“
Администрацијата на САД долго време бараше овој референдум да биде одложен, додека Белата Куќа за прв пат упати апел за откажување на референдумот.
Специјалниот преставник на претседателот на САД, Доналд Трамп, за борбата против ДЕАШ, Брет Мекгурк, ден претходно на средбата со претставниците на Регионалната курдкса управа на Ирак во ирачкиот град, Сулејманије, побара од парламентот на Регионалната курдкса управа на Ирак да го одложат референдумот кој треба да се одржи на 25 септември.
Исто така, секретарот за надворешни работи на САД, Рекс Тилерсон, во август побара од претседателот на Регионалната курдска управа на Ирак, Месут Барзани, да го одложи референдумот, а ова барање беше на ставено на дневен ред на повеќе медиумски брифинзи од страна на портпаролот на Министерството за надворешни работи на САД, Хедер Науерт.