Mohamad Misto,Levent Tok
23 Август 2019•Ажурирај: 24 Август 2019
АНКАРА (АА) - Соединетите Американски Држави во своите бази, што се наоѓаат на териториите кои се под контрола на терористичката организација ЈПГ/ПКК, испорачаа логистичка поддршка од 60 камиони, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според локалните извори, вчеравечер конвој од околу 60 камиони од сириско-ирачкиот граничен премин „Симелка“ влегол во Сирија.
Во конвојот имало префабрикувани куќи, бетонски блокови и возила.
Изворите, исто така, известуваат дека камионите се упатиле во базите на САД во областа окупирана од терористите на ЈПГ/ПКК.
Од 2015 година, САД ѝ даваат воена поддршка на ЈПГ/ПКК, повикувајќи се на борбата против ДЕАШ, а во моментов имаат околу 2.000 војници во 18 бази и воени локации во Сирија.