Dildar Baykan Atalay
05 Јануари 2022•Ажурирај: 05 Јануари 2022
ВАШИНГТОН
Во „анкетите за поддршка“ кои се спроведуваат во Соединетите Американски Држави (САД), стапката на оние кои изјавиле дека не го поддржуваат претседателот Џо Бајден се зголеми на 56 отсто, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според истражувањето спроведено од американската медиумска организација „Си-ен-би-си“ (CNBC), стапката на оние кои не го поддржуваат Бајден достигна рекордно ниво во декември.
Во истражувањето 56 отсто истакнаа дека се незадоволни од претседателските перформанси на Бајден.
Во анкетата спроведена од истата организација во април, 49 отсто од учесниците изјавиле дека не им се допаѓа настапот на Бајден, а во септември таа стапка беше искачена на 54 отсто.
- Бајден потфрли во економијата и во борбата против пандемијата на Ковид-19
Повеќето испитаници во истражувањето ја посочуваат економијата и борбата против Ковид-19 како области со најниски резултати на Бајден.
На 60 отсто од учесниците во анкетата не им се допаѓаат економските перформанси на Бајден, 55 отсто истакнале дека не ги одобруваат политиките во однос на справувањето со пандемијата на Ковид-19.