ВАШИНГТОН (АА) - Повеќе од две недели откако Индија ја доби првата серија системи за противвоздушна одбрана С-400 од Русија, позицијата на Соединетите Американски Држави (САД) за потегот на Њу Делхи сѐ уште е нејасна, пишува Агенција Анадолија (АА).
Американската администрација, која во секоја пригода, преку Законот за спротивставување на противниците на САД со санкции (CAATSA) им се заканува на земјите кои соработуваат со Русија во областа на одбраната, овој заканувачки став не го покажа кон Индија.
Индија ја доби првата серија системи С-400 од Русија на 14 ноември, но САД сѐ уште немаат јасен став за ова прашање.
Индискиот премиер Нарендра Моди се состана со рускиот претседател Владимир Путин во Њу Делхи, три месеци откако се сретна со американскиот претседател Џо Бајден во Белата куќа на 24 септември.
Како резултат на опсежни преговори, двете земји потпишаа многу договори за одбрана покрај системите С-400. Сепак, американската администрација и за ова прашање молчи.
Официјален претставник на Министерството за надворешни работи кој не сакаше да биде откриено неговото име, одговарајќи на прашањето на Агенција Анадолија (АА), „Индија ги доби системите С-400. Дали оваа испорака спаѓа во категоријата „голема испорака“, според КААТСА, и дали ќе воведете санкции во овој контекст?“, рече: „Сѐ уште немаме донесено никаква одлука ва рамките на КААТСА во врска со оваа испорака. Продолжуваме да ги повикуваме сите земји, вклучително и Индија, да се воздржат од нови големи набавки на руски системи за оружје.“
Американскиот Стејт департмент исто така се воздржува од давање јасен одговор за воведување санкции против Индија.
Нед Прајс, портпаролот за надворешни работи, претходно изјави дека КААТСА не вклучува инклузивни или специфични услови за изземање на земја, но избегна да даде јасен одговор дали Индија ќе биде изземена. Наместо тоа, портпаролот дури и игнорираше дека знае дека Индија ги добила системите С-400.
- Руски рулет од големиот партнер -
Одбранбената соработка меѓу САД и Индија значително се зголеми во последниве години, а Вашингтон го опишува Њу Делхи како „голем одбранбен партнер“, особено во однос на спротивставувањето на Кина.
Сојузот на Њу Делхи со САД е во корист на неговите безбедносни интереси, бидејќи Индија има одредени несогласувања со Кина околу границата.
Во последните години, САД и Индија потпишаа многу договори за воена и економска соработка, но се очекува администрацијата на Моди да ги подобри односите со Русија, која САД ја опишуваат како друг противник, но не во блиска иднина, туку на среден и долг рок.
Подобрувањето на односите со Русија ќе ги доведе до една сложена точка односите меѓу Вашингтон и Њу Делхи.
Во период кога Индија се обидува да развие стратешки односи со САД, развојот на воените и стратешките односи со Русија претставува ризик за администрацијата на Моди.
Но, од друга страна, преземањето на овој ризик од страна на Индија се толкува како показател дека нејзината доверба во САД е намалена.
- Конгресот не сака да го применува КААТСА за Индија -
КААТСА, кој беше усвоен од американскиот Конгрес и стана закон во 2017 година, предвидува воведување санкции за земјите кои потпишале договори за одбрана со Русија и руските одбранбени компании.
Законот бара од претседателот да воведе најмалку пет од 12 санкции со различна тежина.
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, според овој закон, во 2020 година воведе санкции за Турција за купувањето на С-400.
Познато е дека американскиот Конгрес има силен притисок врз администрацијата во врска со овие санкции.
Во рамките на истиот закон, американската администрација воведе разни санкции кон Кина, но овој пат во Конгресот внимание привлекува спротивниот однос кон Индија.
На 2 ноември, републиканците Тед Круз, Тод Јанг и Роџер Маршал до Сенатот поднесоа Предлог-закон за изземање на земјите членки на Квадрилатералниот безбедносен дијалог (QUAD) - Австралија, Јапонија и Индија од опсегот на КААТСА поради нивните одбранбени договори со Кина и Русија.
Нацрт-законот, насловен „Круцијално намалување на неочекуваните последици што ги поткопуваат сојузите и актот за лидерство (CRUCIAL)“, воведен врз основа на тоа дека Индија е важен партнер на САД против Кина, предвидува дека земјите од КВАД ќе бидат изземени од санкциите КААТСА на 10 години.
Ако САД применат флексибилност во законот КААТСА во врска со купувањето на С-400 на Индија, се верува дека тоа од своите сојузници ќе се третира како двојни стандарди и ќе го наруши меѓународниот кредибилитет на Вашингтон.