Ekipa
21 Мај 2016•Ажурирај: 22 Мај 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Членовите на тајната лужба на САД застрелаа човек кој вооружен дошол до контролниот пункт на Белата куќа во Вашингтон, одбивајќи да го спушти своето оружје, јавува Anadolu Agency (AA).
„Вооружен човек се приближил до контролниот пункт по 15 часот по локално време, игнорирајќи ги наредбите да го спушти пиштолот. Полицаецот пукаше во човекот по што пиштолот му паднал. Напаѓачот не успеа да влезе во комплексот, а никој не беше повреден" се вели во соопштението на Дејвид Лаковетиј, заменик на помошниот директор на тајната служба.
Портпаролот на брзата помош, изјави дека човекот бил однесен во болница во критична состојба.
Во времето на пукањето, американскиот претседател Барак Обама не беше во Белата куќа, бидејќи бил да игра голф. Но, неговиот заменик Џо Бајден беше во комплексот и веднаш бил соодветно обезбеден.
Еден официјален претставник на полицијата изјави дека во петокот вечерта властите го идентификувала напаѓачот како Џеси Oливери од Aшланд, Пенсилванија.
Според истиот извор, федералните агенти пронашле муниција во Тојотата, која била паркирана во близина, а за кој се верува дека му припаѓала на вооружениот човек.