Michael Hernandez
27 Јуни 2017•Ажурирај: 27 Јуни 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Белата куќа објави дека постојат „можни” докази кои наведуваат на тоа дека сирискиот режим подготвува нов напад со хемиско оружје, пренесува Anadolu Agency (АА).
Американската администрација тврди дека се воочени активности слични на подготовките кои се правени за време на хемискиот напад на 4. април, кој предизвика остри реакции од страна на меѓународната заедница.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, на ова одговори со гранатирање на сириската воздушна база.
„САД е во Сирија за да го елеминира ДЕАШ”, изјави портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер и додаде: „Доколку господинот Асад изврши нов масовен напад користејќи хемиско оружје, тој и неговата војска ќе платат висока цена”.
Белата куќа не соопшти врз основа на кои докази ги изнесе овие тврдења во врска со планираниот нов хемиски напад од страна на сирискиот режим.