Ekipa
11 Август 2017•Ажурирај: 11 Август 2017
САН ДИЕГО (АА) - Властите наведуваат дека патрола на граничната полиција на САД го следела SUV возилото во кое биле осомничените за убиство. Возилото потоа излетало од автопатот, при што загинаа три од четири лица, колку што се превезувале во SUV возилото, јавува Anadolu Agency (AA).
Teкa Мајкл, агент на граничната патрола, вели дека двајца полицајци биле во рутинска патрола на автопатот Интерстејт 15, кога го забележале возилото „GMC Envoy“, за кое со помош на регистарски таблички е утврдено дека се поврзано со сомнително убиство и шверц на луѓе.
Агентите се обиделе да го запрат возилото, но тоа било безуспешно, а потоа SUV возилото со голема брзина излетало од автопатот.
Од патролата во Калифорниската патрола за автопатишта соопштија дека возачот изгубил контрола над возилото, по што SUV возилото ја пробило заштитната ограда и излетало надолу по насипот, при што загинаа три лица. Четвртото лице од возилото е сериозно повредено.