Emre Aytekin
18 Јуни 2021•Ажурирај: 24 Јуни 2021
АНКАРА - Три лица загинаа при превртување на брод кој превезувал група на прошетка низ река во американската сојузна држава Северна Каролина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Родни Кејтс, директорот на Службата за итни случаи во Рокингем, соопшти дека во несреќата што се случила на реката Дан, брод со девет патници преку граничникот на браната паднал надолу.
Спасувачките екипи во пребарувањето на подрачјето со хеликоптер спасиле четири од деветте патници на бродот и ги извлекле телата на тројца починати.
Во тек се активности за пронаоѓање на двете исчезнати лица.