Muhammed Bilal Kenasari
29 Јули 2016•Ажурирај: 30 Јули 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Портпаролот на Стејт департментот, Џон Кирби, во врска со тврдењата дека САД стои зад обидот за пуч во Турција, вчера изјави дека Турција не е само сојузник, туку и пријател на САД, јавува Anadolu Agency (AA).
„Турција не е само наш сојузник, таа истовремено е и наш партнер”, истакна Кирби на дневниот брифинг, додавајќи дека САД не е поврзан со обидот за државен удар во Турција.
„Немаме никаква поврзаност со обидот за пуч”, рече Кирби.
Тој нагласи дека Турција има многу значајна улога во борбата против терористичката организација ДАЕШ. Кирби се осврна и на прашањата за можното испорачување на Фетулах Ѓулен, лидерот на терористичката организација ФЕТО.
„Редовно разговараме за Ѓулен и за неговото испорачување. Испорачувањето во овој случај се заснова на докази”, изјави Кирби.
Тој потврди дека американските власти веќе примиле одредена документација во врска со испорачувањето на Ѓулен.
„Како што кажав и претходно, добивме одредени документи кои сега се разгледуваат. Во тој контекст, не се случува ништо ново“, изјави Кирби.
Тој исто така истакна дека САД ги разбира чекорите што Владата на Турција ги презема во земјата по обидот за пуч.
„Должноста на Владата кон граѓаните е на крајот да биде решено ова прашање. Треба да се спроведе истрга и да се сметаат за одговорни оние што извршија обид за државен удар”, изјави портпаролот на Стејт департментот.