Emre Aytekin
20 Септември 2017•Ажурирај: 20 Септември 2017
ЗАМБОАНГА (АА) - Американските власти ја прекинаа испораката на оружје за филипинските сили за безбедност поради наводите за прекумерна употреба на сила во борбата против шверцерите со дрога, која ја започна претседателот на Филипините, Родриго Дутерте, пренесува Anadolu Agency (AA).
Филипинскиот портал „Inquirer News“ (Инквајер њуз) објави дека заменик-шефот на филипиниската полиција, Aрчи Франциско Гамбоа, за време на расправата за буџетот за наредната година во Сенатот, изјави дека американскиот Стејт департмент не го одобрува испраќањето на 27.000 пушки кои претходно филипинската полиција ги порача од Соединетите Американски Држави.
Причината за суспензијата на испораката на оружје е прекумерената сила и кршењето на човековите права од страна на филипинската полиција во текот на борбата против шверцерите со дрога во таа земја.
Гамбоа најави дека Филипините ќе ја обноват тендерската постапка и ќе се обидат да ја добијат понуда од некоја друга земја.
Според официјалните податоци на филипинската полиција, до крајот на јуни минатата година, во земјата беа убиени повеќе од 5.000 осомничени дилери.