Kasım İleri
14 Февруари 2018•Ажурирај: 15 Февруари 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Министерството за одбрана на САД (Пентагон) во буџетот за 2019 година во рамките на борбата против ДЕАШ издвои вкупно 550 милиони долари, од кои ќе имаат корист и Сириските демократски сили (SDG), огранокот на ПЈД/ПКК во Сирија, а тоа покажува дека Вашингтон и во наредната година ќе складира оружје во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA)
САД во буџетот за 2018 година во рамките на Фондот за можни прекуокеански операции издвои 500 милиони долари за групите под името „Скенирани елементи на сириската опозиција“, меѓу кои и ПЈД/ПКК, додека во нацрт-буџетот за 2019 година објавен минатата недела издвои вкупно 550 милиони долари, од кои само со цел поддршка на програмата „опреми-обучи“ за СДГ издвои 300 милиони долари, а за потребите на граничните безбедносни сили издвои 250 милиони долари.

Според документот до кој дојде новинарот на АА од Пентагон околу Фондот за можни прекуокеански операции, познат како воен фонд, 25.000 припадници на милицијата се обучени со цел борба против ДЕАШ во Сирија, додека обуката на 5.000 припадници на милицијата е во тек. Се вели дека 393 милиони од вкупниот буџет од 500 милиони долари се издвоени за оружје и опрема.
- Дадено е оружје како АТ-4 и РПГ-7 -
Ракетни фрлачи и противтенковско оржује се меѓу тешкото оружје кое им е дадено на групите поддржани во рамките на програмата „опреми-обучи“ во Сирија.
На листата на оружје се наоѓаат 12.000 калашникови, 6.000 автоматски пушки и 3.500 тешки митралези, 3.000 ракетни фрлачи од типот RPG-7 од руско производство, вкупно 1.000 парчиња противтенковско оружје од типот AT-4 од американско производство и од типот SPG-9 од руско производство, 235 минофрлачи од различен калибар, 100 снајпери, 450 двогледи за ноќно гледање од типот PV-7, како и 150 двогледи со инфрацрвен лазерски осветлувач.
Пентагон не дава изјава околу тоа колку од оружјето предвидено да се даде во рамките на буџетот за 2018 година, е дадено. Според вестите од регионот, САД досега испратиле оружје и опрема од четири илјади шлепери за елементите на ПЈД/ПКК кои го користат називот Сириски демократски сили (SDG).
Белата куќа на почетокот на месец мај го овласти Пентагон да даде оружје и опрема на терористичката организација ПЈД/ПКК во рамките на операцијата за Рака, во Сирија. Иако ПЈД/ПКК досега неофицијално го зеде оружјето на САД во Сирија, Пентагон негира дека ѝ дава оружје на оваа организација.
Пентагон во нацрт-буџетот за 2019 година, во рамките на борбата против ДЕАШ, побара од Сенатот вкупно 550 милиони долари, од кои 300 милиони долари се со цел поддршка на програмата „опреми-обучи“ за ПЈД/ПКК која го користи името Сириски демократски сили (СДГ), како и 250 милиони долари за потребите на граничните безбедносни сили, во рамките на мисијата против ДЕАШ.