Diyar Güldoğan
20 Август 2019•Ажурирај: 21 Август 2019
АНКАРА (АА) - Лидерите на меѓународниот блок Г7 ќе се соберат во францускиот град Бијариц на годишен самит, кој ќе се одржи од 24 до 26 август, јавува Anadolu Agency (AA).
Земјите од Г7 - Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и САД - оваа година ќе се фокусираат на решавање на нееднаквостите.
На самитот се очекува да стане збор и за прашања поврзани со економијата, надворешната политика и заштитата на животната средина.
Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, ќе ја претставува ЕУ. Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, нема да може да присуствува на самитот поради здравствени проблеми.
Како претседавач со Г7 до крајот на 2019 година, Франција го обнови форматот на самитот на Г7 и на самитот покани земји-партнери, меѓу кои и Австралија, Чиле, Индија и Јужна Африка.