İdris Okuducu
29 Август 2018•Ажурирај: 29 Август 2018
АНБАР (AA) - Во ирачката западна покраина Анбар извршен е самоубиствен напад на безбедносна контролна точка, при што животот го загубија седум лица, меѓу кои има и цивили, додека 5 лица се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Капетан Ахмед Дулејми во изјава за АА зборуваше за нападот, и истакна дека самоубиствениот напад е извршен со возило бомба на контролна точка на трупите на ирачката Војска и Хашди Шаби, во јужниот дел на подрачјето на Каим, кое се наоѓа на границата меѓу Ирак и Сирија.
Дулејми информираше дека како резултат на експлозијата, смртно настрадале седум лица, од кои двајца цивили, додека 5 лица се повредени, и со амбулантни возила биле пренесени во болница.
Ирачката Војска кон крајот на минатата година повторно ја презеде контролата врз подрачјето на Каим, чија контрола во 2014 година ја презеде терористичката организација ДЕАШ.
И покрај тоа што ирачкиот премиер, Хајдар ел Абади, во декември 2017 година соопшти дека целосно е отстрането военото присуство на ДЕАШ во Ирак, оваа терористичка организација одвреме-навреме врши напади врз безбедносните сили во некои подрачја во земјата.