Adham Kako,Levent Tok
25 Февруари 2017•Ажурирај: 25 Февруари 2017
ХОМС (АА) – Извршен е самоубиствен напад врз два безбедносни центри на режимот на Башар Асад, во провинцијата Хомс во Сирија. Се соопштува дека има многу жртви и ранети во нападот, јавува Anadolu Agency (AA).
Според медиумите на режимот, извршен е напад врз два безбедносни центри во регионите на Гута и Ел Махата во провинцијата Хомс.
Гувернерот на Хомс, Талал ал-Барази, изјави дека во самобомбашките напади загинале 32 лица а ранети се 24 лица.
Од друга страна, информативната агенција на Хомс, тврди дека загинале голем број на високи офицери помеѓу кои и претседателот на Воената безбедност, генерал мајор Хасан Дабул.
Локалните извори информираат дека едното од безбедносните центри било воена, а другата била цивилна разузнавачка служба.
Одоговорноста за нападот го превзема Комитетот за ослободување на Дамаск (ХТШ), и во нивното соопштение објавено на социјалните мрежи истакнаа дека нападот е освета за нападите на режимот во Ваер, Идлиб и Дамаск. Во соопштението се тврди дека е убиен и претседателот на цивилната разузнавачка служба Ибрахим Дервиш.
Групите Нуреддин Зенги, Лива ел-Хак, Џејшу‘л Сунне, Енсаруддин и Фронтот за ослободување на Дамаск, позната по своето старо име „Фронтот Нусра“, кои што се против режимот, минатиот месец ја оформија заедничката група ХТШ. Фронтот Нусра, беше класифицирана како терористичка организација од страна на Советот за Безбедност при Обединетите Нации.