Ekipa
12 Август 2017•Ажурирај: 12 Август 2017
ДЕРА (АА) - Најмалку 25 лица загинаа во самоубиствен напад извршен врз камп за обука на сириската опозиција во подрачјето на Дера, во јужниот дел на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Нападот беше извршен изминатата ноќ во кампот на Исламската армија, на сириската опозиција, во областа Насиба во близина на јорданската граница.
Еден од локалните активисти Ебул Мусене ел-ХалидиEbul, за АА изјави дека самоубиствениот напад бил извршен во една од собите за спиење во воениот камп.
Загинаа најмалку 25 лица, а беа повредени над 40. Халиди е убеден дека зад нападот стојат припадниците на терористичката организација ДЕАШ. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.