Ekip,Sibel Uğurlu
09 Ноември 2017•Ажурирај: 09 Ноември 2017
ДОХА (АА) - Саудиска Арабија денес ги предупреди своите граѓани кои живеат или кои се во посета на Либан да ја напуштат земјата што е можно поскоро, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Поради состојбата во Либан, саудиските државјани кои живеат или се во посета на Либан се информирани да ја напуштат земјата што е можно поскоро", се вели во изјавата на неименувано официјално лице на Министерството за надворешни работи на Саудиска Арабија, цитирано од страна на официјалната саудиска новинска агенција СПА (SPA),
Ова предупредување дојде само четири дена по назначувањето на Валид бин Мухамед ал-Јакуб за нов саудиски амбасадор на Либан, откако местото за амбасадор беше празно 15 месеци.
Исто така предупредувањето е издадено и шест дена откако либанскиот премиер Саад Харири наеднаш прогласи дека ќе даде оставка во своето телевизиско обраќање од Ријад.
Во неговото обраќање, Харири го критикуваше Иран и неговиот либански сојузник Хезболах, обвинувајќи ги за сеење бунт во регионот и мешање во арапските работи.