Alı H. M. Abo Rezeg
23 Декември 2019•Ажурирај: 24 Декември 2019
РИЈАД (АА) - Саудискиот суд осуди пет лица на смртна казна поради земање удел во убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Јавниот обвинител на Саудиска Арабија, Сауд бин Абдула ал Муаџаб, на прес-конференција изјави дека поранешниот советник на кралот, Сауд ал Кахтани, и поранешниот конзул во Истанбул, Мохамед ал Утеиби, не биле осудени во случајот за убиството.
Џамал Кашоги, новинар и колумнист на весникот „Вашингтон пост“ беше убиен на 2 октомври 2018 година во саудискиот Конзулат во Истанбул.
Независната истражителка на Обединетите нации (ОН), Агнес Каламард, во Извештајот за убиството вели дека егзекуцијата на Кашоги била намерна, извршена со предумисла, и поттикна на отворање на истрага за саудискиот принц Мухамад бин Селман.
Саудиските власти за убиството ги обвинуваат агентите, и инсистираат на тоа дека саудискиот принц не бил вмешан.