Betül Yürük
23 Мај 2017•Ажурирај: 23 Мај 2017
ЊУЈОРК (АА) - Советот за безбедност на ОН (СБОН) остро го осуди последното севернокорејско тестирање проектил, јавува Anadolu Agency (AA).
Северна Кореја во неделата соопшти дека успешно тестирала ракета од среден дострел.
На барање на САД, Јапонија и Јужна Кореја, СБОН ќе одржи седница на којашто ќе биде разговарано за последното тестирање што го изврши Северна Кореја.
Пред состанокот е објавено соопштение на Советот, во кое покрај осудувањата за тестирањето, се наведува и дека се загрижувачки поттикнувачките постапки и е обновен повикот за соработка, за да се намали напнатоста и Северна Кореја да се разоружа од нуклеарното оружје.
Поради нуклеарната програма на Северна Кореја, СБОН од 2006 година воведе воени и економски санкции.
САД бара да се воведат дополнителни санкции, додека Северна Кореја тврди дека тестирањата на балистичките проектили има за цел да се унапреди одбраната.