Mehmet Burak Karacaoğlu,Ömer Koparan
05 Јули 2021•Ажурирај: 06 Јули 2021
АФРИН
Светската асоцијација на доктори и Здружението за хуманитарна помош Ал-Амин започнаа вакцинација против Ковид-19 во сириски Африн, кој беше исчистен од терористичката организација ЈПГ / ПКК во рамките на операцијата „Маслинова гранка“ спроведена во северозападниот дел на Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Теренскиот менаџер на Светската асоцијација на доктори за Африн, Корај Талиплер, во изјавата за Агенција Анадолија рече дека од 2018 година во Африн работат во областа на здравството.
Истакнувајќи дека во регионот како дел од борбата против Ковид-19 се администрира вакцината АстраЗенека Талиплер рече: „Во нашата клиника во Африн, на почетокот започнавме да вакцинираме цивили над 50 години со хронични болести.“
Талиплер меѓу другото додаде:
„Започнавме со активностите за вакцинација во нашата клиника во Африн. Процедурите за вакцинација под капата на Светската здравствена организација ја спроведуваме во соработка со сириската група за вакцинација и Здружението Ал-Амин.“
Зубејир Хадид, кој работи на клиниката во Африн, рече дека досега вакцинирале 150 хронични пациенти во рамките на програмата за вакцинација.
„Во првата етапа сакаме да вакцинираме 1.500 лица“, рече Хадид.
Ум Халил (55) од Африн рече: „Имам хронично заболување. Дојдов да се вакцинирам против Ковид-19. Им се заблагодарувам на сите што го дадоа својот придонес.“