Hussein Mahmoud Ragab Elkabany,Zeynep Hilal Karyağdı
17 Мај 2019•Ажурирај: 19 Мај 2019
АБУ ДАБИ (АА) - Во Дубаи, главниот град на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), се урна авион. Во оваа несреќа животот го загубија 4 лица, од кои тројца Британци и еден Јужноафриканец, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според WAM, официјалната новинска агенција на ОАЕ, мал авион од типот „Diamond DA42“ со четири лица во него, се урнал на меѓународниот аеродром во Дубаи.
Во веста се вели дека во несреќата загинале тројца Британци и еден Јужноафриканец, а по кус период на прекин на работата на аеродромот во Дубаи, авиосообраќајот на овој аеродром повторно е вратен во нормала.
Канцеларијата за односи со медиумите на Владата од Дубаи соопшти дека е можно до несреќата да дошло поради техничка грешка на леталото.