Sayed Khodaberdi Sadat
20 Ноември 2019•Ажурирај: 22 Ноември 2019
КАБУЛ (АА) - Двајца американски војници ги загубија своите животи во пад на хеликоптер кој припаѓа на американските трупи во Авганистан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Силите на НАТО во Авганистан соопштија дека двајца американски војници загинале во хеликоптерска несреќа.
Според соопштението истрагата за причината за несреќата продолжува, но според првичните резултати несреќата не е предизвикана од непријателскиот оган.
Нема информации за тоа каде се случи несреќата и се уште не се споделени идентитети на загинатите.
Во изјавата дадена од Талибанците, се тврди дека американскиот хеликоптер бил соборен од страна на милитантите во градот Џарх во провинцијата Логар.