Gamze Türkoğlu Oğuz
10 Август 2017•Ажурирај: 11 Август 2017
ВАШИНГТОН (АА) - По заканите на американскиот претседател Доналд Трамп кон Северна Кореја, севернокорејскиот генерал Ким Рак Гиом изјави дека само апсолутна сила може да дејствува на некој неразумен како што е Трамп, пренесува Anadolu Agency (AA).
Трамп претходно упати закани до Пјонгјанг дека ќе се соочат со оган и бес каков светот не видел.
Ким во разговор со севернокорејската новинска агенција „KCNA“ (КЦНА) изјави дека неговата земја се подготвува за воена акција во близина на островот Гуам, во Тихиот Океан, дека до средината на месецот планот за тестирање на проектилот од среден дострел, кој би требало да падне меѓу 30 и 40 километри од островот, ќе добие конечен облик, и оти потоа ќе се чека одобрување од лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун.
Претходните изјави на американскиот претседател Трамп тој ги нарече потполна бесмислица.
„Разумен дијалог не е возможен со толку неразумен човек, на него може да дејствува само апсолутна сила“, смета Ким.
Отворените закани на релација меѓу Пјонгјанг и Вашингтон траат веќе со недели. Северна Кореја се закани дека со нуклеарки ќе одржи ѝ тешка лекција на Америка, а американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Северна Кореја ќе се соочи со оган и бес каков што светот не видел.
Последна во низата закани од Северна Кореја беше најавата на напад на американската воена база на Гуам, а ОН се загрижени поради агресивната реторика меѓу САД и Северна Кореја.