Rıyaz Khalıq
24 Јануари 2019•Ажурирај: 24 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изрази задоволство за резултатот од неодамнешните преговори со Вашингтон, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Откако го доби писмото од американскиот претседател Доналд Трамп, врховниот лидер изрази големо задоволство“, пишува севернокорејската новинска агенција КЦНА (KCNA).
Во петокот, заменик-претседателот на Ким, Ким Јонг Чол, ја предводеше севернокорејската делегација во Вашингтон, каде што се состана со Трамп и со неговиот државен секретар Мајк Помпео.
Истиот ден, портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, соопшти дека Трамп на крајот од февруари ќе одржи втор состанок со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.
Во јуни 2018 година Трамп и Ким го одржаа првиот историски Самит, постигнувајќи договор, за кој критичарите рекоа дека е премногу нејасен и не успеал да постигне значителен напредок во ослободувањето на Северна Кореја од нуклеарниот арсенал.
Според новинската агенција КЦНА, Ким кажал пофални зборови за американскиот претседател Трамп за неговата невообичаена одлучност и волја за решавање на прашањето, и за големиот интерес за одржување втор самит меѓу Северна Кореја и САД.
„Ким Џонг Ун изјави дека ќе веруваме во позитивниот начин на размислување на претседателот Трамп, ќе чекаме со трпеливост и добра волја, и заедно со САД ќе напредуваме чекор по чекор кон целта што треба да ја постигнат Северна Кореја и САД“, истакнува новинската агенција.