Şenhan Bolelli
27 Октомври 2017•Ажурирај: 28 Октомври 2017
БАРСЕЛОНА (АА) - Сенатот на Шпанија го одобри предлогот на Владата за преземање директна контрола над Каталонија, јавува Anadolu Agency (AA).
За неполн час откако Каталонија прогласи независност, шпанскиот Сенат го активираше членот 155 од Уставот, за вонредните мерки, со коишто во голема мера се укинува автономијата на Каталонија.
Членот 155 на шпанската Влада ѝ овозможува да ја преземе контролата над каталонската полиција, финансиите, државните медиуми и телекомуникациите.
Мерките вклучуваат и укинување на актуелната каталонска влада и свикување предвремени парламентарни избори во рок од шест месеци.
Членовите на Сенатот со 214 гласа „за“ и 47 „против“ и еден содржан го поддржаа активирањето на членот 155 од Уставот на Шпанија.
Од друга страна, шпанскиот премиер Маријано Рахој ги повика граѓаните да останат смирени откако Парламентот на Каталонија денес го усвои предлогот со кошто тој богат регион се прогласува за република независна од Шпанија.