Ömer Faruk Yıldız
04 Јануари 2022•Ажурирај: 05 Јануари 2022
ЖЕНЕВА
Експертот од Светската здравствена организација (СЗО), Абди Махмуд, соопшти дека Омикрон, новата варијанта на Ковид-19, ги напаѓа горните делови на телото, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На прес-конференцијата одржана онлајн во канцеларијата на Обединетите нации (ОН) во Женева, Махмуд го сподели со медиумите своето последно истражување за варијантата „Омикрон.
„Откривме дека, за разлика од другите варијанти, Омикрон влијае на горните делови на телото“, рече Махмуд.
Наведувајќи дека Омикрон не предизвикува тешки инфекции како другите варијанти, Махмуд истакна дека ова можеби е добра вест засега, но дека им требаат повеќе извештаи за да бидат сигурни.
Махмуд, на прашањето на дописникот на Агенција Анадолија (АА) каде е новиот епицентар на Ковид-19 во моментов, рече: „Источна Европа долго време беше епицентарот на варијантата Делта. Тешко е да се предвиди каде ќе биде епицентарот на новата варијанта.“
За тоа дали е неопходно да се произведе посебна вакцина за Омикрон, Махмуд рече: „Тешко е да се предвиди како ќе еволуира Омикрон понатаму. Затоа сè уште е рано да се донесе одлука за ова прашање.“
Нагласувајќи дека одлуката за евентуална вакцина против Омикрон треба да биде донесена како резултат на меѓународна соработка, Махмуд рече дека одлуката не може да се остави само на производителите на вакцините.