Selen Temizer,Halit Süleyman,Mohamad Misto
08 Април 2016•Ажурирај: 10 Април 2016
АНКАРА/АЛЕПО (AA) - Сириските опозициски сили се подготвуваат за продолжување на ослободување на регионот западно од реката Еуфрат, откако синоќа од терористичката организација ДАЕШ го ослободија подрачјето на Чобанбеј во близина на пограничниот сириски град Азаз, јавува Anadolu Agency (AA).
Имено, се работи за подрачје кое има стратешко значење, а како што наведоа локалните извори Чобанбеј е многу важно место за формирање на сигурно подрачје помеѓу Азаз во Џераблус.
Од опозициските извори за АА е потврдено дека напредокот на нивните сили нема да запре на Чобанбеј, туку ќе го продолжи своето движење кон Џаралбус, западно од Еуфрат.
Во акцијата на ослободување на Чобанбеј на Ослободителната војска на Сирија поддршка и пружија и бригадите Султан Мурат, Мутасим, Фејлак Ес-Сам и Ахрару’с Сам, како и коалициските сили.
Опозициските сили по ослободување на Чобанбеј ги уклонија сите обележја на ДАЕШ во тоа место.