Cem Genco
24 Мај 2017•Ажурирај: 25 Мај 2017
ХАТАЈ (АА) - Турската хуманитарна организација ИХХ во сирискиот град Идлиб отвори продавница од којашто семејствата со послаба материјална состојба ќе можат бесплатно да вршат набавка на средства за живот, јавува Anadolu Agency (AA).
Ерхан Јемелек, координатор на ИХХ за Сирија, изјави дека секој ден добиваат сѐ повеќе хуманитарни проекти во Сирија.
Истакна дека во Идлиб е отворена продавница во којашто сириските семејства ќе можат да ги најдат потребните продукти.
Според него, во продавницата постојат оддели за храна, облека, обувки, играчки и др.
„Продавницата, која потсетува на трговски центар, во текот на годината ќе ги пружа своите услуги на сириските семејства”, изјави Јемелек.
Во таа пригода потсети дека војната во Сирија и понатаму трае, и дека поради тоа многу луѓе не можат да обезбедат средства за живот.
„Одлучивме да отвориме продавница на периферијата на Идлиб за да одговориме на потребите на луѓето. Тука постои простор и за жени и за деца. Сириските семејства во текот на годината ќе можат да ги користат”, изјави Јемелек.
Тој додаде дека најпрво комисијата ќе направи список на семејства кои ќе ја користат оваа можност.
„Прво ги утврдуваме семејствата кои навистина се во состојба на потреба и кои ќе можат да ја користат оваа продавница. Потоа ја одредуваме квотата на купување. Така, многу луѓе ќе можат да го добијат посакуваниот производ на еден контролиран начин”, изјави Јемелек.