Halit Süleyman
28 Јуни 2017•Ажурирај: 28 Јуни 2017
ДЕИР ЕЗ ЗУР (АА) - Во подрачјето на Деир ез-Зур, во источниот дел на Сирија, кое е под контрола на ДЕАШ, изведени се воздушни напади во кои животот го загубија 50 цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
Во појасот Даблан, во Деир ез-Зур, локален активист изјави за АА: „Три авиони за кои претпоставуваме дека им припаѓаат на коалициските воздухопловни сили, утрово изведоа напад во период кога земјоделците одат на своите земјишта. Местото на нападот е подрачје што воглавно е цел на нападите на авионите на коалициските сили“.
Според локалниот активист, во нападот загинале најмалку 50 лица. „Авионите за цел ги имаа земјоделците и возилата што ги превезуваа земјоделските работници, врз кои фрлија бомби кои наликуваа на касетни. Меѓу загинатите и ранетите има жени и деца. Ранетите се префрлени во локалните болници“, изјави локалниот активист.