Ekipa
06 Август 2019•Ажурирај: 06 Август 2019
ИДЛИБ (АА) - Во воздушните напади кои припадниците на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад ги извршија на подрачјето на деескалационата зона во Идлиб, загинаа четворица цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓу нападнатите подрачја се Кан Шејхун, Маратинуман, Бидама, Абидин, Баболин, Кефр Сејна, Хабит, Кефр Зита, Латамине и Морик.
Припадниците на Цивилната заштита соопштија дека во воздушниот напад на Морик, извршен синоќа, загинале четворица цивили.
Во Идлиб, инаку упориште на сириската опозиција, живеат и интерно се раселени околу 4 милиони жители, кои се цел на постојаните режимски напади.
Со посредство на Турција и Русија во Сочи, на 17 септември 2018 година постигнат е договор за примирје во Идлиб и воспоставување деескалациона зона за цивилите.
Од септември минатата година и прогласувањето на примирјето, во тој регион се раселени над 750.000 лица.
Припадниците на Сириската мрежа за човекови права (СНХР) претходно соопштија дека во нападите врз деескалационата зона во Идлиб, што режимските сили и сојузниците ги извршиле од 26 април до 27 јули, загинале 701 цивил, од кои 208 малолетници и 140 жени.