Ömer Koparan,Selen Temizer
18 Јануари 2018•Ажурирај: 18 Јануари 2018
АЗАЗ/АНКАРА (АА) - Припадниците на терористичката организација ПЈД/ПКК ранија тројца цивили во нападот врз сириски Азаз кој се наоѓа близу границата со Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Новинар на АА од Азаз јавува дека припадниците на ПЈД/ПКК од Африн гаѓале подрачје во Азаз.
Извори од болницата истакнаа дека во тешка состојбата се двајца ранети цивили.
Цивилите во Азаз се честа мета на нападите на припадниците на терористичката организација ПЈД/ПКК. Терористичката организација преку Африн претставува закана за подрачјето кое со офанзивата „Штитот на Еуфрат “ беше ослободено од терористите, но и на зоната без судир во Идлиб. Освен тоа, терористите на оваа организација со години ја користат планината Аманос за да преминат од Сирија во Турција.
Околу 65 отсто од сириско-турската граница е под окупација на терористичката организација ПЈД/ПКК.