Adham Kako
26 Ноември 2017•Ажурирај: 27 Ноември 2017
ИСТОЧНА ГУТА/АНКАРА (АА) - Во нападите кои припадниците на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад ги извршија на населбите во Источна Гута, загинаа најмалку 20 цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
Новинарот на АА од Дамаск јавува дека меѓу загинатите во нападите, кои од утринава се вршат во Дума, Хараст, Месраб, Медјере и Ајн Тарма во Источна Гута, се наоѓаат и четири деца.
Болнички извоти и од Цивилната заштита наведуваат дека во воздушниот напад на режимот во Месраб загинале 13 цивили од кои три се деца. Освен тоа, во воздушниот напад во Медјере загинале петмина цивили, меѓу нив и дете, односно две деца во нападот во Дума.
Во нападите ранети се голем број на лица кои се префрлени во околните болници, а тимовите на Цивилната заштита (Бели беретки) се на терен и учествуваат во акциите за спасување.
Во режимските напади во Источна Гута извршени од 14 ноември загинаа над 100 цивили.