Halit Süleyman
26 Јули 2016•Ажурирај: 27 Јули 2016
АЛЕПО (АА) - Најмалку шест лица загинаа, а 17 се повредени во воздушен напад извршен на подрачјето Мешед во сириски Алепо, јавува Anadolu Agency (AA).
Нападот со барел бомбите го изврши хеликоптер лојален на сирискиот претседател Башар ал Асад.
Еден од службениците на цивилната заштита во Алепо, Неџип Енсари, за АА изјави дека хеликоптерите на режимските сили по вчерашните напади и денес фрлале барел бомби на населбата Мешед.
Според прелиминарните податоци загинаа шест цивили, а 17 се повредени. Загинатите лица како и повредени биле влечени со машини под рушевините.
Веќе неколку дена режимските сили интензивно го бомбардираат Мешед, а Енсари истакна дека повредените лица се сместени во импровизирани болници.
Во вчерашниот напад со барел бомби бо Мешед загинаа 20 лица, а 25 се ранети.
Еден од локалните активисти, Јашир Ебу Амар, потврди дека руските воени авиони како и авионите на режимските сили веќе месец дена ги бомбардираат подрачјата кои се под контрола на сириската опозиција.
Ебу Амар порача дека хуманитарната ситуација во Алепо и околните места станува полоша од ден во ден, и ја повика меѓународната заедница да ги спречи нападите на ова подрачје.
Алепо, според неговите зборови, е во потполност опколен, спречен е протокот на хуманитарна помош и ранетите не можат да се ивчлечат од градот.