Ömer Koparan,Adham Kako
27 Јули 2019•Ажурирај: 29 Јули 2019
АЗАЗ
Во северниот дел на Сирија, во подрачјето што е под контрола на опозицијата, извршени се 4 истовремени бомбашки напади во кои, според првичните информации, животот го загубија двајца цивили, а 22 се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Во подрачјето на Баб и Азаз, во Појасот Гандура на подрачјето на Џерабулус, и селото Тел Батал, сместено во подрачјето на Ахтерин, кои се под контрола на сириската опозиција, изведени се истовремени бомбашки напади.
Нападите се изведени со мотоцикли на кои е поставен експлозив.
Според првичните информации за експлозијата што се случи во близина на џамијата „Омер бин Хатаб“ во подрачјето на Баб, животот го загубија двајца цивили, а 9 цивили се ранети. Во Азаз и Гандура се ранети по 5 цивили, додека во Тел Батал од експлозијата се ранети тројца цивили.
Ранетите се префрлени во болница на лекување.
Безбедносните сили, кои пристигнале на местата на нападите, истакнуваат дека голема е веројатноста нападите да се изведени од страна на терористичката организација ЈПГ/ПКК.
На 22 јули во центарот на Азаз и Џерабулус настанаа експлозии во кои беа ранети 14 лица. Во местото Баб, кое е под контрола на опозицијата, на 3 јули се случија две истовремени експлозии во кои загинаа 2 лица, а 28 беа ранети.