Ekipa
25 Февруари 2018•Ажурирај: 26 Февруари 2018
АЗАЗ (АА) - Единицата „Курдски соколи“, која е дел од Слободната сириска војска, заврши со подготовките за борба против ЈПГ/ПКК-ДЕАШ во рамките на операцијата „Маслинова гранка“ во Африн чија цел е неутрализирање на терористите, започната на 20 јануари, јавува Anadolu Agency (AA).
Припадниците на единицата ја поминаа обуката за специјалци и утре ќе преминат во Африн. Единицата позната како „Црвени беретки“ е составена од 400 курдски и 200 арапски борци.
„Ние сме Курди од подрачјето на Азаз. Дел сме од дивизијата Хамза. Ако даде Бог ќе дојдеме до Африн. Ако даде Бог нашиот народ ќе го спасиме од тиранијата на ПКК“, изјави командантот на единицата 'Курдски соколи'“, обраќајќи им се на војниците.

Неговиот заменик Хусеин Мухамед Нур рече дека сакаат населението во Африн да се спаси од тиранијата на ПКК.
Нур потсети дека терористите на ЈПГ/ПКК вршат притисок врз цивилите во Африн да се борат.
„Не е далеку денот кога ќе го ослободиме Африн од ПКК“, порача Нур.
Дивизијата Хамза, која е поврзана со Слободната сириска војска, се состои од специјално обучени припадници. Групите „Црни беретки“ се дел од операцијата „Маслинова гранка“.