Emin Avundukluoğlu
05 Декември 2016•Ажурирај: 05 Декември 2016
АЛЕПО (АА) - Најмалку 68 цивили загинаа во Алепо и во Идлиб во вчерашното гранатирање од страна на режимските сили, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјално лице на заштитата од редовите на опозицијата, Абдулазис Кијтаз, тврди дека вчерашните режимски напади во Идлиб биле насочени кон пазарите и шопинг-центрите, по што е гранатиран и Алепо.
Околу 300.000 цивили во источниот дел на Алепо се наоѓаат под опсада речиси три месеци. Од средината на ноември, повеќе од 773 цивили се убиени, а 2.500 се ранети во режимските напади на тој дел од градот.
Поради силното бомбардирање, болниците и другите медицински објекти се принудени да ја прекинат работата.
Новите воздушни напади се во рамките на обидот на Асадовите сили потпомогнати од Русија да ги вратат источните делови на Алепо, четири години откако беа заземени од вооружената опозиција.
Војната во Сирија трае од 2011 година.