Burak Karacaoğlu,Eşref Musa
28 Декември 2017•Ажурирај: 29 Декември 2017
ИДЛИБ (АА) - Дванаесет цивили го загубија својот живот во воздушните напади извршени во места населени со цивили во подрачјето на Идлиб, кој е еден од зоните без судири, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите кои гии доби АА од Цивилната одбрана, цел на голем број воздушни и копнени напади биле подрачјата на Теманије и Бидама, како и селата Сирман, Мушејрифе, Сикејат, Бабулијн, Хан ес-Субул, Даруселам, Маар Шурин во Идлиб кој се под контрола на опозицијата.

Раководителот на Цивилната одбрана на Идлиб, Мустафа Хаџ Јусуф, истакна дека како резултат на воздушните напади во селата Сирман, Мушејрифе Сикејкат и Бабулијн животот го загубиле 11 лица, додека едно лице загинало во подрачјето на Теманије.
„Воените авиони на Русија и режимот на Башар ал-Асад од утринските часови интензивно ги бомбардираат местата населени со цивили. Само во Теманије беа извршени над 10 авионски и над 150 ракетни напади. Исто така, во нападите се користат вакуум бомби, кои според меѓународните договори се забранети за користење“, рече Јусуф.
Јусуф истакна дека постои загриженост од зголемување на бројот на загинатите и на повредените, и информираше дека тимовите на Цивилната одбрана продолжуваат со спасувачките акции.
Во воздушните напади извршени во сириските градови Идлиб и Хама, од почетокот на оваа недела загинаа 24 цивили.