Ayşe Hümeyra Atılgan
10 Ноември 2016•Ажурирај: 11 Ноември 2016
ХАСАКАХ (АА) – Според локален извор, командантот на терористичката организација ЈПГ е убиен во вчеравечер во нападите во северна Сирија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Хаџи Куркхан, со псевдоним Али Ботан, беше заповедник на специјалната единица на терористичката организација ЈПГ, која е воено крило на терористичката организација ПКК/ПЈД.
Неговиот автомобил е нападнат во близина на сирискиот пограничен град Бувејер, во округот Ќамишли, покраина Хасаках, наведе изворот, кој поради безбедносни причини сакаше да остане анонимен.
Куркхан наводно бил задолжен за организирањето на милитантите на ЈПГ за да извршуваат терористички напади во Турција. Се знае дека претходно живеел во турската област Ван, пред почетокот на неговата мисија во ЈПГ.
Терористичката организација на социјалните мрежи објави дека нејзиниот член Али Ботан е убиен во самоубиствен напад, но не ја прецизираше неговата позиција во ЈПГ.
Засега никој не презеде одговорност за нападот.
Турција се спротивставува на активностите на ограноците од терористичката група ПКК во Сирија, како ПЈД и ЈПГ, кои се на државната листа на терористички организации.