Ekipa
12 Август 2017•Ажурирај: 13 Август 2017
ИДЛИБ (АА) - Седуммина волонтери на Сириската цивилна заштита, познати како „Бели шлемови“ се убиени денес во североисточна Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Хосам Халак, портпарол на Сириската цивилна заштита, изјави дека вооружени лица извршиле напад врз нивниот камп во градот Сeрмин во пoкраината Идлиб.
Напаѓачите украле две амбулантни возила, шлемови и комуникациски уреди, изјави портпаролот на „Белите шлемови“, изјави Халак.
Досега ниту една организација не ја презеде одговорноста за нападот.
Сириската цивилна заштита или „Белите шлемови“ се активни во областите под контрола на сириската опозиција.
Сирија се наоѓа во граѓанска војна од почетокот на 2011 година, кога силите на режимот на Башар ал-Асад ги задушија протестите со неочекувана свирепост. Оттогаш, стотици илјади луѓе се убиени, а милиони се раселени.