Ikrame Imane Kouachi
11 Октомври 2024•Ажурирај: 17 Октомври 2024
АНКАРА (АА) – Ситуацијата во болницата „Камал Адван“ во северниот дел на Појасот Газа достигна 'катастрофално' ниво, при што животите на многу деца на Одделот за интензивна нега се загрозени во следните часови, предупреди денес Канцеларијата за медиуми на Владата на Газа, јавува Анадолу.
Канцеларијата соопшти дека Одделот за интензивна нега се соочува со „сериозна пренатрупаност, што ја влошува итната потреба за медицински ресурси“.
„Следните часови ќе бидат клучни за животите на многу деца на Одделот за интензивна нега, бидејќи резервите на гориво се исцрпени, а окупаторските (израелски) сили го блокираа пристапот до гориво за болниците на северот“, се додава во соопштението.
Исто така се повикува на итна меѓународна интервенција за да се спасат што повеќе животи, а истовремено се осудуваат акциите на израелските сили.
Владата на Газа соопшти дека овие акции се „со цел да ги направат болниците на северот нефункционални, што претставува закана за животите на приближно 400.000 лица во областа“.
Израел продолжи со бруталната офанзива врз Газа и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН која повикува на итен прекин на огнот, по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври минатата година.
Според локалните здравствени власти, оттогаш се убиени повеќе од 42.000 луѓе, главно жени и деца, а речиси 97.900 се повредени.
Како последица на израелските напади раселено е речиси целото население на Појасот Газа.