Bilgin S. Şaşmaz
11 Април 2017•Ажурирај: 11 Април 2017
ЧИКАГО (АА) - Патниците со резервна карта купена во рамките на програмата „овербук“ на „Јунајтед ерлајнс“, една од најголемите авиокомпании во Соединетите Американски Држави (САД), со интервенција на полицијата биле принудени да се симнат од авионот бидејќи не можеле да ги разубедат дека ќе летаат со следниот лет, јавува Anadolu Agency (AA).
Програмата за продажба „овербук“ има за цел да ги заштити авиокомпаниите во САД од откажување на авиокартите, но поради резервирана авиокарта од оваа програма, се случи скандал на меѓународниот аеродром „О’хер“ во Чикаго. Непријатното искуство што го доживеаја четворицата патници со купени авиокарти за неделниот лет со број 3411 на „Јунајтед ерлајнс“, со цел да патуваат од Чикаго до градот Луисвил, во сојузната држава Кентаки, се рашири во јавноста благодарение на видеоснимката од 31 секунда, објавена на социјалните мрежи.
Патниците оштетени при купувањето резервна карта од американската авиокомпанија, со интервенција на полицијата беа принудени да се симнат од авионот кога одбиле да им се плати отштета од 800 долари. На видеоснимката се гледа како еден од патниците кој одбива да се симне од авионот, со влечење е симнат од авионот, а подоцна се дознава дека тој бил доктор.
Извршниот директор на „Јунајтед ерлајнс“, Оскар Муноз, во својата изјава рече дека жали за настанот. Тој упати извинување до патниците кои беа отстранети од летот, и истакна дека истрагата за случајот се спроведува итно и детално. Муноз вели дека со цел да се разјасни и да се реши случајот, треба да се контактира со лицето од видеоснимките.