Feyzullah Yarımbaş
19 Јануари 2024•Ажурирај: 21 Јануари 2024
АНКАРА (АА) - Најголемата воена вежба на НАТО по Студената војна, „Непоколеблив бранител 2024“, ќе започне следната недела, јавува Анадолу.
Врховниот командант на сојузничките сили на НАТО за Европа, генерал Кристофер Каволи, изјави дека на вежбата ќе учествуваат околу 90.000 војници од 31 земја членка на НАТО и земјата кандидат Шведска.
Вежбата ќе трае до крајот на мај.
„Алијансата ќе ја покаже својата способност да го зајакне евроатлантскиот простор со преместување на силите од Северна Америка преку Атлантикот“, рече Каволи.
Се очекува најголемата вежба на НАТО по Студената војна да се одржи во Германија, Полска и балтичките земји и ќе вклучува можни воени сценарија со Русија.