Ömer Koparan
19 Јануари 2022•Ажурирај: 26 Јануари 2022
АЗАЗ (АА) - Голем број шатори се срушени поради врнежите од снег во бегалските кампови во подрачјата на Африн и Азаз кои се наоѓаат во северниот дел на Сирија, додека некои патишта се затворени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Подрачјата на Азаз, Ал Баб и Африн кои во рамки на турските операции „Штитот на Еуфрат“ и „Маслинова гранка“ беа ослободени од терористите, од синоќа се покриени со снежна покривка.
Иако врнежите запреа во утринските часови, снежната покривка надмина 40 сантиметри.
Затворени се патиштата кои водат кон камповите кои се наоѓаат во околината на Африн и Азаз.
Голем број шатори се срушени поради лошите временски услови.
Сиријците со ограничени можности кои ги имаат, се обидуваат да ги исчистат своите шатори од снег, барајќи поддршка од хуманитарните организации поради тешките зимски услови.
Мухамед Хишам, кој живее во кампот, во изјава за АА истакна дека по врнежите од снег, шаторите се паднале врз нив, и дека околу 50 шатори се оштетени.
Хишам рече дека собираат пластика и картони со цел да се згреат.
Веди Јаџур, кој, исто така живее во камп, нагласи дека шаторите ги покриле со ќебиња, но дека од обилниот снег тие се срушиле.