Büşra Selvi Öğütcen
18 Февруари 2020•Ажурирај: 19 Февруари 2020
АНКАРА (АА) - Со новиот тип коронавирус, Ковид-19, што е откриен во Вухан, Кина, заразени се повеќе од 73.000 лица низ светот, покажуваат податоците на здравствените установи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Вирусот се прошири во 26 земји надвор од Кина. Како последица на заразата со новиот коронавирус во Кина починаа 1.869 лица, соопшти Националната комисија за здравје денес. Смртни случаи надвор од Кина се забележани во Франција, Јапонија, Филипини и Тајван.
Според последните официјални податоци, досега вирусот е потврден кај 72.436 лица, а во последните 24 часа починале 98 лица, додека регистрирани се 1.886 нови случаи на зараза.
Во посебните административни региони Хонгконг и Макао се заразени 60, односно десет лица. Под медицински надзор се наоѓаат 141.552 лица и тој број е намален.
Коронавирусот, односно болеста предизвикана со новиот коронавирус Ковид-19, е пренесен од животни на човек, посебни лилјаци.
Ковид-19 се прошири во повеќе од 20 држави, меѓу кои САД, Велика Британија, Сингапур, Франција, Русија, Шпанија и Индија.
Многу земји, вклучувајќи ја и Турција, ги евакуираа своите државјани од Вухан - епицентарот на ширењето на вирусот - и од другите погодени подрачја во Кина, ставајќи ги во карантин и под надзор.
Светската здравствена организација (СЗО) прогласи меѓународна здравствена вонредна состојба.