Ekipa
23 Мај 2019•Ажурирај: 24 Мај 2019
ХАГ (АА) - Гласачките места во Холандија се отворија утринава, со што започнаа изборите за Европскиот парламент, кои ќе траат до 26 мај. Изборите низ 28-члениот блок би требало да ги обележи борбата на поддржувачите на подлабока интеграција и популистичките евроскептици, кои сакаат поголема моќ на националните влади, пренесува Anadolu Agency (AA).
Половина час по отворањето на гласачките места во Холандија, отворени се гласачките места и низ Велика Британија. Тоа се воедно и единствените две земји во кои ќе се гласа денеска. Интересно, Велика Британија и понатаму е оптоварена со внатрешните превирања околу Брегзит, кој веќе е одложуван. Поради тоа постои можност, според наводите на британските медиуми, Тереза Меј токму на денот на европските избори да поднесе оставка на позицијата премиерка.
Изборите кои ќе траат до недела навечер, доаѓаат во моментот кога популистите и националистите сакаат да ја совладаат моќта на Европската Унија, додека традиционалните сили како Франција и Германија инсистираат на тоа дека единството е најдобар лек за променливите на економските и безбедносните интереси.