Jeyhun Aliyev
23 Декември 2020•Ажурирај: 24 Декември 2020
ШАНЛИУРФА (АА) - Со поддршка на Турција засадени се околу 75.000 дрвја во подрачјето на северна Сирија, кое Турција го расчисти од терористите, соопштија денес турските власти, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во октомври 2019 година, подрачјето на Тел Абјад беше ослободено од терористите на ЈПГ/ПКК со турската операција „Извор на мирот“, спроведена од Турските вооружени сили и Сириската национална армија (СНА).
Садниците се засадени во Тел Абјад, во рамките на акцијата за пошумување од страна на органот за шумарство во пограничната турска област Шанлиурфа, во координација со сирискиот Центар за поддршка и координација (СУДКОМ).
„Поголемиот дел од работата за пошумување е реализиран во центарот на дистриктот, додека тимовите прават напори да засадат садници и во други области“, соопшти регионалното тело за шумарство.
„За краток период спроведовме масовно пошумување на главните траси во Тел Абјад. Со пошумувањето долж автопатот, Тел Абјад се претвори во зелен предел“, рече Џевдет Чичек, челникот на регионалниот Центар за шумарство.
Истакнувајќи дека проектот ќе продолжи, Чичек рече дека главно засадуваат садници на палми, кои, како што рече, имаат поголем визуелен шарм.
Турција на 9 октомври 2019 година ја започна операцијата „Извор на мирот“ за елиминирање на терористите на ЈПГ/ПКК од северна Сирија, источно од реката Еуфрат, со цел обезбедување на турската граница, пружање помош за безбедно враќање на сириските бегалци и осигурување на територијалниот интегритет на Сирија.
Оттогаш, Турција постигна договори и со САД и со Русија, кои требаше да ја принудат терористичката организација да се повлече од планираната зона расчистена од терористите.
И покрај тоа, ЈПГ/ПКК продолжи да изведува напади во Тел Абјад и Рас ал-Ајн и покрај повлекувањето од областите според договорот постигнат помеѓу Турција и САД во октомври 2019 година.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.