Esat Fırat,Turgut Alp Boyraz
06 Јануари 2019•Ажурирај: 07 Јануари 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Џон Болтон, советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, денес изјави дека Соединетите Американски Држави (САД) не го утврдиле датумот на повлекување на војската од Сирија, и дека тој процес зависи од odredeni предуслови, пренесува Anadolu Agency (AA).
Болтон престојува во посета на Израел, а денес се состана со премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Израелскиот весник „Хаарец“ јавува дека советникот на Трамп, непосредно пред состанокот со Нетанјаху изјавил дека повлекувањето на американската војска од Сирија зависи од целосната победа над терористичката организација ДЕАШ и добивањето гаранции од Турција дека т.н. „курдски борци“ ќе бидат заштитени.
Тој појаснува дека тука мисли на партнерите на САД во борбата против ДЕАШ, осносно на припадниците на терористичката организација ЈПГ/ПКК кои дејствуваат под плаштот на т.н. Сириски демократски сили (SDG).
Болтон понатаму тврди дека точниот датум на повлекувањето на американската војска од Сирија ќе биде плод на политички одлуки.
Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна најави дека ќе ја повлече војската од Сирија. Тој рече дека терористите на ДЕАШ се поразени, и дека Турција го уверила дека е способна да ги неутрализира преостанатите терористички закани во регионот.
Толкувањето на Болтон за условното повлекување донекаде се коси со изјавите на Трамп кој овој викенд рече дека не сака да ги задржува војниците во Сирија каде што беснее војна што ја опиша како „крв и песок“.