Nour Gelle Gedi,Ayşe Sümeyra Aydoğdu
07 Март 2016•Ажурирај: 08 Март 2016
МОГАДИШУ (АА) - Во експлозија на патнички автомобил која се случи на влезот на аеродромот Угас Халиф (Беледвејн), во регионот Хиран, во Сомалија, загинаа и повредени се поголем број патници, јавува Anadolu Agency (AA).
Припадниците на вооружените сили на Џибути, кои се ангажирани за безбедноста на аеродромот, преземаа високи мерки на безбедност.
Од друга страна, неколку извори наведуваат дека експлозијата е предизвикана од торба оставена во возило на влезот на аеродромот.
Сè уште нема службени информации за експлозијата.